Украинскиот парламент денеска одобри делумна мобилизација за да се одговори на „мешањето на Русија во внатрешните прашања на Украина“.
Еден ден откако мнозинството граѓани на Крим на референдум гласаа за присоединување на полуостровот кон Русија, во украинскиот парламент се гласаше за делумна мобилизијата.
Вршителот на должност претседател на Украина, Александар Турчинов, денеска во парламентот изјавил дека референдумот за присоединување на Крим кон Русија е „голема фарса“.