![133471453 истанбул](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/12/133471453-4.jpg?resize=640%2C294&ssl=1)
Во рамките од проектот „Заедно до 16 години“, а во соработка со македонската и турската кошаркарска федерација, избраниците на Александар Јованчев од Истанбул се враќаат непоразени.
Тие беа подобри од нивните врсници од тимовите на: Аџибаден, Фенербахче, Памукспор, Галатасарај и Анадолу Ефес.
Во Следната фаза Македонската кошаркарска федерација ќе биде организатор на интернационален турнир за кошаркари до 14 години на кој покрај македонската репрезентација ќе учествуваат и селекциите на Бугарија, Романија и Косово.