Според евиденцијата на СВР Скопје, вчера од страна на сообраќајната полиција, санкционирани се 23 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца поминале на црвено светло на семафор, 12 го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано, а четворица возачи кои не се придржувале према ограничувањата, забраните и обврските изразени со поставените сообраќајни знаци.
Санкционирани се и 11 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор, а затекнати се и 39 непрописно паркирани возила.
Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 63 возила.