Еве кои организации се финансирани од Сорос во Македонија

Организациите НВО Инфоцентар, МОФ, Хелсиншки комитет, Метаморфозис, Акција плус Ресен, Фокус Велес, Факултет за работи што не се учат, Аква Струга, Огранизација на жени на општина Струмица, Центар за современи уметности, Џев и многу други фондации се само дел од оние на чии сметки легнувале милионски суми за време на предизборието во Македонија во изминатиот период, велат од Граѓанското движење Стоп Операција Сорос.

Хелсиншкиот комитет е добро познaат на сите. Тој се бори за заштита на човековите права, а се работи за крајно партизирана и политизирана организација. Нивните први луѓе како што се Гордан Калајџиев, Уранија Пировска и Мирјана Најчевска се секогаш први на протестите организирани од СДСМ, а при тоа инсистираат да се третираат како независни и неутрални. Младинскиот образовен форум се збогатила за 79.000 евра, од страна на Сорос, а се работи за организација која е клучна во организирањето на протести на студентите и средношколците против реформите во образованието, како што беше екстерното тестирање. На сметка на организацијата НВО Инфоцентар се имаат прелеано 10 милиони денари или 168.000 евра), на сметката на Млади европски федералисти 12.000 евра или 730.000 денари, а овие средства се прелеани само од фодацијата Институт за отворено општество, вели Цветин Чилиманов.

Тој потенцираше и дека во помалите организации, исто така, се префрлени милионски суми на средства директно од капата на фондацијата за Институт отворено општество. Дел од нив е и организација именувана како Факултет за работи кои не се учат, на чија сметка легнале околу еден милион денари, потоа локалните организации како Фокус Велес, кој има парични средства од 9.000 евра и Аква од Струга организацијата која во критичниот период на нивно конто легнале околу 19.000 евра.