Отворено писмо до Владимир Милчин (2): Медиумска ДеМилчинизација

Навистина е неверојатно какво мислење има добар дел од јавноста за твојата улога во општеството во овој случај Медиумите во Република Македонија. Навидум историска, позитивна. Но, ако човек подлабоко се вложи што се’ е направено, на кој начин и со која идеа, тогаш може да се дојде до следниов заклучок. Нема искрена помош кон медиумите, туку само купување на влијание за остварување на вокабуларно фелацио со јавноста.

За да може пошироката јавност да дознае кои се твоите потези од позиција на Драматург член на Централен Одбор на СДСМ, а подоцна и као демек демократски реформатор, мора да започне каков бил твојот однос кон личности и медиуми.

Патем јавно кажувам дека нема да користам ниту една информација која сум ја споделил со пријатели каде е даден џентламенски договор на молчење, туку она што се раширило како информациона чума на која многумина премолчеле. Во целиот текст ова се само 10 отсто информации.

Читај Драматург внимателно многу информации се поврзани една со друга, а сегде си учесник.

Никола Младенов

Во бомбите за Младенов при разговор на двајца високи функционери само една работа за него е вистинита. „Ама малку си потпивнуваше...“. Не секој од нас ја имал среќата да ја познава Кате Велковска и да му помогне.

Сеуште ли ќе не’ убедуваш дека твојот однос кон Младенов бил постојан и недвосмислен во неговиот новинарски капацитет за да ти веруваме. Затоа да те прашам нешто.

Зошто не му даде пари, донација, на Никола Младенов во 1995-96 година за да отвори дневен весник? Не сакаше до толку Никола дневно информативно работење или не ти овозможуваше сигурност да го контролираш? Зошто Младенов отвори дневен весник многу подоцна и со Геро го втурнавте во финансиска агонија? Уште мислиш дека ќе не убедуваш дека дел од неговата фамилија чека да дојде опозицијата на власт, па да ги објави информациите за тоа како загинал? Таквите како тебе размислуваат за децата на двете страни? Јас мислам, не. Таквите како тебе треба да размислуваат дали се индиректни убици.

Да ти кажам една приказна. Дали е вистина: Дека јас, за нечија жал, знам две личности од кои едниот требал да биде тепан, а другиот нарачател. За низа текстови во неделникот „Фокус“ во времето на владеење на твојот СДСМ, 1997 година. Откако за многу малку, тепаниов неможеле да го уловат по автобусите, па нарачателот одлучил да си плати. Четири нули, па бројка. Бидејки не завршиле текстовите, Никола Младенов е претепан, а целиот стап како нарачател го јаде некој познат лик на јавноста. Што викаш ти, како независен демократ и властодржец во тоа време: Никола Младенов бил новинарски рекетар или суптилен сопственик, на кој Сорос му го финансирал неделникот?

Томе Кежаровски

Може да објасниш што му помогнавте на човеков освен што се правеа проекти на негово име и презиме и во исто време си се полнеа нечии џебови, а него го оставивте на ветрометина? Единствени вистински пријатели кои не го изневерија се Зоран Димитровски-Жоро и Синиша Станковиќ. Да сум на негово место ќе ги замолев останатите загрижени да престанат да ме оплакуваат и тапшаат по раме. Нема поголем безобразлук на туѓа несреќа да градиш кариера демократска, почитуван Драматург.

А1 Телевизија

Првенствено имаш должност јавно да го објавиш целосниот договор за кредит на медиумот, посебно во делот на гарантот дека ќе се вратат парите во гарантираниот рок. Откако Газда Вељо и Љубомир Јакимовски- Пиноче Ве надмудриле во Вашите демократско-реформаторски идеи, започнуваат две кампањи. Газда Вељо е пиљар и треба да му се одземе медиумот и дека Пиноче е хохштаплер кој рекетира телевизии и радија од проектите од јавен интерес.

Туку едно прашање како Ана Пановска, свекрвата на твојата наследничка, префрлила 100.000 тогашни германски марки државни пари на писмо дека А1 Телевизија не пиратира? И тоа баш пред твојот Г6 план за медиумско влијание со кредит. М?

Во еден период по однос на А1 Телевизија јас и ти делувавме многу различно.

Ти, лично и персонално пушташе емисари во периодот од 2002-2006 година за превземање на сопственоста на истата телевизија. Од како ти пропаднаа плановите во периодот 2005-2006 премина на втора фаза. Прво нон пејпер од Амбасадата на САД и диригиран напад од УЈП (а, сега плачеш за истиот пристап) со цел да раководството добие затворски казни и да го превземеш медиумот.

Јас, Виктор Грозданов 8 месеци претходно спречив штрајк на медиумите за да ја рушам власта на Владо Бучковски (бидејки беше тотално непотребно да ги слушаме твоите платеници од А1 кои и денес функционираат), молев во бифето при Владата на Република Македонија да не бидат апсени од А1 Телевизија. Ова првпат го кажувам после 11 години. Ја пренесов следнава порака: Должите 3 милиони долари, ќе го продадат долгот за 2 милиони на луѓе од соседна држава, Вие сте 7 вработени и ќе Ве снема сите. После 3 дена А1 ја плати првата рата.

На Вики Чадиковска и ветив дека еден ден ќе ги објавам сите од А1 кои се потрудија да Дарко Перушевски и Анета Кочишки одрапаат непотребен затвор, а во исто време склучуваа договори со МВР и останати институции.

Па, нели било злосторничко здружување? 

Горан Гаврилов и МПМ

Ако нешто сум научил од Горан Гаврилов тоа е следново: Тоа што јас ќе го заработам не го давам никому зошто он сака, туку зошто јас ќе му го дадам. Затоа запамти го нашиот последен телефонски разговор. Кога го прашав г-дин Гаврилов доколку постоеше закон за новинарско рекетарство дали тогашните уредници на МПМ, поточно кога тој беше таму директор, би заглавиле повеќе години затвор, подобро е да не ти го дадам одговорот, зошто нешто спомна 25 години затвор за сериозен грабеж и рекетарство.

Денешната ситуација во МПМ е резултат на твоето постоење, кое си го научил од сопствениот татко (да знае читателската јавност на Петре Прличко му се ледела крвта од Сталинистот во филмската уметност (и јас имам другари на татко ми), а тоа е следново: Самоуправувањето мора да постои додека постоиме и ние оригиналните Комуњари штетници, односно да бидам попрецизен Црвена Буржоазија во покушај.

Некогаш е многу убаво да си имаш втора жена и внимателно да слушаш за минатото на вистинските функционери комунисти од нејзината мајка нормално мене баба. Ај лав Милка Кирков. (инаку чесно ветување, чесно и ќе го почитувам). Ти не си оригиналот бате Владе.

За новинарите кои се занимаваат со судство и црна хроника.

Се сеќавате кога Ве молев да не пишувате глупости за А1 случајот и да не ги правите криминалци Перушевски и Кочишки. Како викавте? Јеби га Брат. Е сеа ме прашаа едни пријателчиња што да прават во МПМ. Мојот одговор е: Се’ на клоци, фузирање на најквалитетните во „Дневник“ и „Теа Модерна“. Така да другари новинари преваранти, Јеби Га.

На елементарно неписмениот Владо Апостолов му препорачувам да почне да учи историја на штрајкови од последниот главен и одговорен уредник на „Нова Македонија“, (каде ти Владе Милчин имаше улога на затворање комплетно и го нарече демократија), Мирче Адамчевски.

МРТВ и МРД

Дали спиеш мирно Драматург кога знаеш дека твојот миленик Никола Поповски им го загорчи животот на над илјада вработени само затоа што не сакаше да префрли пари во МРТВ и Македонска Радиодифузија. Причина, треба да се руши Др. Владо Бучковски од премиерска позција. Нели ти е некогаш жал, ако воопшто знаеш што значи овој збор, за Гордана Стошиќ и Љупчо Манчевски. Крв проплукаа за да биде напишан членот од Законот за Радиодифузија во 2005 година, каде обезбедија 6 месечни плати. За директорот од МРТВ што умре на сред оро да не те прашувам, нели? А, да кажеш колку пари потроши на рационализација на МРТВ. А, да кажеш за договорот на Цветанка Ласкова „Кан Продукција“. За Драган Живковиќ и да не збориме, нели? За сателитскиот пренос и за улогата на Дончев, Ставров, Јасминка советничката, Бубо брадасто дебелиот тоа ич да не прашувам, така? А, зошто не им овозможиш проект за истражувачко новинарство на Мери Јордановска и Сашка Цветковска за зулумите во МРТВ?

Одговор: Зошто ќе треба да дојдат на еден што личи на тебе и ќе си дадеш автогол, што на прилепски се вика „Сам си го кладе“ или е нешто друго? Знаеш онака прашувам. Сакам да знам. Радознал задник сум.

Да продолжиме.

Македонска Музичка Индустрија (ММИ)

Твојата мила наследничка многу милува да го споменува Јован Донев. Прво да и’ кажам он е Јованче, што ти си го финансирал за да стане управител на Здружение на фонограмски продуценти-ММИ и заедно со Анастас Таневски-Таше, нормално глумец (твоја крвна група, уметник) и тој управител, инаку сопруг на вработена во Министерство за Култура, да пробаат да ги рекетираат само медиумите со 4% од бруто приход, што во тој момент значеше 800.000 евра. И тоа во името на музичарите. А, да продолжам за другите да зборам како што се хотели, кафани, кафиќи, гробишта, фирми итн. Што викаш да ги викнам Сашка и Мери? Или да ги викнам Калиопи, Кокан Димушевски и Бодан Арсовски, па заедно да ти удриме еден ќутек и тоа бугарски? Што викаш ти?

Европа 92

Зошто го споменуваш само Ратко дека си го финансирал. А, покојниот Илија и господинот Костов. Зошто не ги кажуваш?

Стоп Операција Сорос

Морам да признаам дека тројцава дечки имат многу големи недостатоци. Но, едно им признавам. Те плашат со една работа. Имаат желба да расчистат со таквите како тебе. Им се придружувам од овој момент. И гледај го Џек Ричер. Ќе научиш нешто. Посебно од негативецот што сам си ги одгризуваше прстите за да преживее. Бар чесно го убија.

П.С. Едвам чекам СДСМ да направи Влада од една причина. Веднаш да го оствари изборното ветување дека клевета и навреда ќе се казнува само 1 евро. Симболичен надоместок од „Планот за живот“, што откако ќе стапи во сила ќе ме поттикне веднаш да клеветам дека Оливера Трајковска му е бивша вереница на Бобо Дајнерс. Веридбата им ја растуриле неговите родители, а сега се најдобри другарки со Рада Шеќернава и нон-стоп се навлечени на Threesome in Stockings with Huge Dildo’s on www.redtube.com.

А, овие од Австралија даваат 5 долара, ја за Мачедоња ќе дадам и 10 евра. Затоа навијам за Заев да биде премиер и ова да го оствари. До тогаш овие зборови исто како да не се прочитани.