Ахмети: Ги разгледуваме опциите да останеме во опозиција (ВИДЕО)

ахмети

Лидерот на Демократската Унија за Интеграциј (ДУИ), Али Ахмети, пред почетокот на Централното претседателство на партијата рече дека е мала можноста да има договор денеска, објави порталот „А1он“.

Ги разгледуваме опциите да останеме во опозиција, рече Ахмети.

Според него, сеуште не е постигнат договорот дали ДУИ ќе ги даде потписите на своите пратеници на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за тој да го добие мандатот за формирање влада од претседателот Ѓорге Иванов.