Барикади

Значи, после се’ – сега е секому јасно што се случува, и што ни се пакува од Заев.

Прво, без победа на избори СДСМ да дојде на власт, а Зоран Заев да биде премиер, откако еднаш беше аболициран од Бранко Црвенковски, потоа амнестиран од Катица Јанева и СЈО, а сега 13 месеци не се појавува на суд за обвинение дека учествувал во поткуп.

Додека бил градоначалник неговите семејни фирми свртеле над 200 милиони евра, претежно од тендери. Колку ли ќе заработат сега, што видно што скришно, откако патронот на Фамилијата од Струмица би имал државен буџет од две и кусур милијарди евра.

СДСМ победиле само еднаш на десет парламентарни избори: во поствоената 2002 година со Црвенковски, а 10 години имаа власт. Се друго се низа од нивни порази, затоа што Македонците не ја сакаат таа неокомунистичка салонска елита, плаќана и одржувана во живот со странски пари и со притисоци од странски дипломати врз Македонците.

Се’ има своја цена, особено кога се плаќа добивање власт после изборен пораз.

Во 1992, а особено во 1994 година, идентично како и сега, се згнаа Сорос и сурија дипломати против ВМРО, а во полза на СДСМ, и Црвенковски власта ја доби само затоа што тогаш Љубчо Георгиевски реши да ги бојкотира изборите.
Цената на таа власт за Црвенковски беше да се смени знамето и името на Република Македонија. СДСМ го испорача тоа и од странците доби власт, и еве дваесет години потоа ние лутаме безимени и дезориентирани со знаме кое ни е наметнато преку ноќ.

Зошто не сме дел од Европската Унија? Заради тоа измислено име, ФИРОМ… зошто не сме се уште во НАТО… затоа што немаме ни име на нација, ни име на држава.
Кој го спакува тој карцином во телото на нацијата и државата – СДСМ.

Нашите родители, во тоа време, не пружија отпор. Им беше зборено дека е тоа привремено, дека нема да имаме никакви последици. Ги плашеа со откази.
Не осудувајте ги родителите поради тоа. Беа ставени во машина која претходно ја немале видено. Сорос со медиуми и странски експерти им го матеше умот дека е тоа демократија, чекор кон Европа и нови работни места, сигурни пензии. Загубија се’.

Наградата од странците, дипломатите, за СДСМ беше дозволата Црвенковски да спроведе приватизација, општ грабеж на мала група луѓе околу него и СДСМ кои оставија над 200.000 луѓе без работа. Родителите се бореа за гол живот и егзистенција во тие мрачни времиња на транзицијата, малкумина во таков мрак мислеа на знамето и името. Патем, Албанците од ПДП се закануваа со војна, поделба на Македонија ако некој се буни.

Ви делува познато, ви личи на ова денес? Да, речиси е идентично.

Второ – сега е уште полошо од тогаш. Сега Заев и официјално прифатил двојазичност на цела територија и почнување на процесот за смена на државен грб, знаме и химна со пеење во слава на хероите на балистот Џемо и УЧК, кантонизација, како и декларација со која партизаните им се извинуваат на балистите. Ова го соопшти јавно, пред ЦО на СДСМ.

Ова е нов, и за жал, последен предизвик да се сочува своето. Нашите родители капитулираа пред СДСМ кога паѓаа името и знамето на нацијата, патем и ги загубија работните места заради кои молчеа и трпеа додека сето тоа се случуваше пред нивни очи.

Ова е време за средување на сметките со политичката мафија од СДСМ. Време за одмазда. Време во кое ние имаме предизвик да го испереме срамот на капитулација и молчење кој две децении на свој лик и грб го носат нашите родители. Време за победа.

Што тоа браниме, кого и зошто треба да победиме.

Ако некои веруваа дека е пропаганда зборувањето, пишувањето и крикот дека Заев не е донесен каде што е без посебна цел, туку да ја продаде нацијата во замена за власт без победа на избори… сега е тоа потврдено секому, и јасно како бел ден. Никој не може да се вади дека не видел, не разбира или не гледа што се случува пред неговите очи.

Заев е донесен каде што е затоа што никој друг, ниту во неговата СДСМ, не се нафатил да го спроведе тоа што странците: од дипломатите до албанската емиграција, го бараат. Никој не сакал да употреби подземје, наркодилери, удар врз судови, обвинителства, собрание, приватност, основни човекови права… само за да седне во фотелја и добие милиони евра. Да не продаде сите на куп, за сопствен ќар. Никој.

Сетете се, и изборот за претседател на СДСМ беше наметнат од дипломатите. Донесоа човек за свои цели и потреби, сменија се’ во СДСМ што има образ и личен интегритет по што Заев го смени статутот, стана незаменлив и собра околу себе луѓе од политичкото дно: анонимни, фрустрирани, неуки, неморални и алчни. Слични на себе.

Гледавте, но многумина не сакавте да видите, дека неговата моќ не извира од народот и политиката, туку од криминалното подземје на Чауш, Верушевски, наркодилерите, УЧК-ите од Косово… и, секако, валканите пари на Сорос и дипломатите.
Се срамат ли сега Македонците кои гласаа за Заев. Барем тоа го можат.

Откако СДСМ го продаде знамето и името на нацијата и државата, и не фрли во ендек крај патот кон Европа, откако повикуваа во 2001 против одбрана на сопствената држава и ни наметнаа федерален устав… сега се продава последното обележје на еден народ – јазикот. Со него, се продава и националноста, културата и традицијата.

Имаат ли овие Македонци, овде, некоја друга своја држава која е нивна национална, која ќе ги штити и се грижи за нив, за нивната нација, јазик и опстанок… како што го тоа имаат Албанците во Албанија и Косово. Не, ние сме само овде, и само сега.
Што уште останува, потоа, да се продаде. Ништо.

Дали треба да се вознемируваме со тоа што го губиме и последното национално обележје, што сами прифаќаме обврска дека мораме да комуницираме на албански под закана дека ќе бидеме казнети 5.000 евра, а Албанците не мораат да комуницираат македонски. Ниту со нас, ниту во институциите. Да, ова е многу повеќе од вознемиреност.

Дали е јазикот некое неважно реторичко, академско прашање?
Не, секако дека не е. Војни се воделе и водат околу тоа секаде околу нас. Ако не е важно, зошто ДУИ и Ахмети велат дека прашањето на албанскиот јазик во Македонија за нив е историска задача, ултиматум и клуч на нивната политика.

Тоа е за нив, а за нас? Ние сме во особено тешка состојба и под морање да го сочуваме како единствен државен јазик затоа што никаде на друго место македонскиот нема таков статус, за разлика од албанскиот јазик. И затоа што Бугарија не ја признава нацијата Македонци со образложение дека нема нација, која нема свој јазик. За нив ние зборуваме бугарски.

Нема Македонци ни за Грција, а за Албанците ние сме само неосвоена територија.

Затоа, и за многу други нешта, државниот јазик за нас е прашање на опстанок.
Ако нема свој, единствен државен јазик, Македонија е само територија. Ако ви спомнуваат други двојазични држави, погледнете дека јазиците им припаѓаат на соседни народи и држави… имаме ли ние соседна македонска држава во која македонскиот е државен јазик. Не. Сами сме, само овде и само сега…

Без народ, без знаме, без општоприфатено име на државата. Недефинирана маса. Поле кое некој треба да го освои, да го обележи со свое знаме, свој народ и – свој јазик.

Загубивме отпорано се од ова, остана уште само националниот јазик, сочуван и потврден како единствен државен. Без него, се става точка на опстанокот. Ортаци сме на своето, иако ортакот е само дваесет проценти од целото, а и тоа е прашање бидејќи Албанците бегаат од попис, секако бегаат со причина.

Дали претседателот Иванов смее да му даде мандат на Заев за спроведување на оваа политика. Не смее, и заради кршење на уставот и заради закани од војна. Не се сомневајте, седницата во собрание на која Заев би го гласале за премиер, ако добие мандат, ќе биде ризик вон секоја контрола. Оваа држава се уште има и народ.

И тоа не е само национално прашање. Тоа е целосно личен, индивидуален ризик.
Погледнете како се живее под власт на албанскиот јазик. Не треба подалеку, погледнете во Косово. Погледнете во Тетово, Гостивар, Струга, Арачиново, Студеничани… Ти, што си гласал за Заев, за двојазичност и кантонизација и живееш во Скопје, Битола Струмица, Прилеп, Кавадарци, Штип… дали знаеш како живеат Македонците каде што Албанците ја имаат власта: Дебар, Тетово, Гостивар, Арачиново, Липково, Чаир… би се менувал ли со нив, или со Србите и Турците на Косово. Не. Не би се менувал.

Е, па – ќе мора да се менуваш. Заев, дипломатите и ДУИ ти го планираат тоа.

Заев сега го гази јазикот и иднината на сите Македонци, па и на неговите гласачи. Со кој образ неговите гласачи сега ќе им објаснат на жртвите дека биле прелажани?!
Нека не се правдаат и објаснуваат никому. Не се единствени. Нека сторат нешто да ја поправат своја грешка додека се уште имаат шанса за тоа. Нека ни се придружат.
Одбрана на својот дом, својот јазик и нација, на својата сигурност. Сега, и до крај.

Дојдено е времето на одмазда за продаденото знаме, продаденото име Македонија, за грабежите и отпуштања од работа, загубениот мир, углед и здравје…

На Барикади!

Земи го знамето на своите дедовци, осети го гневот и понижувањето на своите стечајни родители; допри го стравот на Македонците од Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Куманово, Скопје, Арачиново; објасни му на твојот јазик на своето дете дека нема да се срами од тебе, нема да се сели протерано од сопствен дом и своја земја… и право напред – на барикадите! Чекањето и двоумењето не доведе до тука. Сега е твоето време.

Како и некогаш, кога ни го продадоа името и знамето, кога родителите ни ги бркаа од работа, кога од Косово ни го наметнуваа федералниот устав… ќе гледаме платени да не збунат и двоумат, СЈО да не’ плаши и СДСМ да не’ лаже… но, сега после се’ знаеме што е тоа.

Никој друг нема тоа да го направи за тебе. Под едно знаме сме, македонско.

Драган Павловиќ – Латас за Вечер