Постојаните деструктивни обиди да се наметне однадвор шема, која е спротивна на вољата на македонските гласачите, може само да ја влоши ситуацијата. Неопходно е да се спречи странското мешање во внатрешните работи на Македонија, да се почитува правото на македонските граѓани самостојно да одлучуваат за својата судбина во согласност со основните демократски принципи.
Ова е дел од сооопштението на руското министерство за надворешни работи, објавено денеска на нивната интернет страница на под наслов: „Коментар на одделот за информации и печат на Министерството за надворешни работи на Русија во врска со влошување на состојбата во Република Македонија“.
Со загриженост констатираме дека политичката криза во Македонија, испровоцирана со грубо мешање однадвор во внатрешните работи на земјата, се продлабочува. На Македонците, со активно содејство на ЕУ и НАТО лидерите, им се наметнува т.н. „албанска платформа“, создадена во Тирана во кабинетот на премиерот под карта на т.н. Голема Албанија, со што се илсутрираат територијални претензии во однос на пошироки региони на соседните Црна Гора, Србија, Македонија и Грција.
Особено загрижувачки е тоа што во овој случај се вклучени и властите на еднострано прогласеното независно Косово.
Веруваме дека оваа линија е исклучително опасна, и претставува голема опасност, уништување на македонската државност и дестабилизација на Балканост во целост.
Сакаме да напоменеме дека спроведените парламентарни избори во Македонија, на 11 декември 2016 година, на инсистирање на ЕУ и на САД, ги одбележа победа на владејачката партија, која ја предводи Никола Груевски.
Сега рацете на Западот, преку албанското малцинство, се обидуваат да ја донесат на власт во Скопје поразената опозиција, ултимативно потпишувајќи ги барањата на Албанците, што доведува до поткопување на уставните темели на земјата.
Постојаните деструктивни обиди да се наметне однадвор шема, која е спротивна на вољата на македонските гласачите, може само да ја влоши ситуацијата. Неопходно е да се спречи странското мешање во внатрешните работи на Македонија, да се почитува правото на македонските граѓани самостојно да одлучуваат за својата судбина во согласност со основните демократски принципи, се вели во информацијата до јавноста на Министерството за надворешни работи на Русија.