
Знамиња, зурли, тапани, патриотски песни, како и и голем број транспаренти за одбрана на и унитарноста на Македонија можат да се видат низ градовите во земјава. Во Скопје, како и до сега е најмасовно.
Вечерва продолжија протестите на граѓанската иницијативата „За заедничка Македонија“, а во Скопје се обратија неколкумина уметници меѓу кои и Сашо Гигов – Гиш.
Тој порача дека сега е време за сплотување на македонскиот народ и оти сите треба да останат во одбрана на земјата.
– И Мијаци, Брсјаци…Сите заедно да се собереме за нашата Македонија – порача тој.
Покрај Скопје, вечерва народ илезе и во Велес, Битола, Кавадарци и го кренаа својот глас против секакви обиди за нарушување на унитарноста на државата и против потклекнување пред платформи направени во туѓи држави, кои се направени за нечии туѓи интереси.