Грција останува на своите приговори на декларацијата, чие потпишување е предвидено за викендот, кога се одбележува 60 години од постоењето на ЕУ, соопштија претставници од Атина и од Брисел.
Лидерите на 27 земји-членки на ЕУ ќе ја одбележат годишнината в сабота на состанок во Рим.
Грција соопшти дека сака декларацијата да содржи јасна заштита на правата на работниците. Разговорите меѓу Грција и меѓународните кредитори се во застој поради прашањето за правата на работниците.
Неименуван дипломат оцени дека Атина се обидува да го пролонгира потпишувањето на декларацијата со цел да добие предност во преговорите со меѓународните кредитори.
Нема да не уценува една земја-членка која поврзува едно прашање на ЕУ со целосно друго прашање, истакна дипломатот.
Друг претставник во Брисел наведе дека тоа прашање може да биде решено единствено на највисоко ниво со грчкиот премиер Алексис Ципрас.