Царинската упарава на РМ информира дека осомничениот кога пристигнал на граничниот премин Богородица на царинските службеници рекол дека нема ништо за пријавување и дека возилото е празно. Бидејќи царинските службеници се посомневале во неговата изјава, возилото било селектирано за контрола. При контрола на возило во страничните даски од полуприколката, царинските службеници забележале дека биле наполнети со наркотична дрога марихуана. Вкупната количина на запленетата марихуана е 144 килограми.
Предистражната постапка е се уште во тек и се прибираат докази. Царинската управа поднесе кривична пријава против осомниченото лице до надлежното јавно обвинителство, поради постоење основи на сомнение дека е сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“.