Во соопштенито се посочува дека бомбата ГБУ-43/Б била фрлена од авион од типот МЦ-130 врз комплекс од тунели на џихадистите во реонот Ачин во авганистанската провинција Нангархар.
Нападот бил извршен во 19:32 часот по локално време (16:32 часот по средноевропско време).
Портпаролот на Пентагон, Адам Стамп информираше дека ова е првпат Армијата на САД при напад да ја употреби овој тип бомба, која во американскиот воен жаргон е позната како „Мајка на сите бомби“ (МОАБ).
Бомбата имам моќност еднаква на 11 тони тротил.