ПМФЛ: Вардар сé поблиску до одбраната на титулата

Фудбалерите на скопски Вардар, кој ја брани титулата во македонскиот шампионат, уверливо во 30-то коло ја совладаа прилепска Победа, а откако  Шкендија одигра само 1:1 на Чаир против Шкупи, се поблиску до новата титула.

Вардар рутински ја совлада Победа со головите на Фелипе, Блажевски, Џигуари и Којашевиќ. На Чаир, Шкендија водеше со голот на Хасани, а значаен бод на Шкупи му донесе Асани.

Резултати, 30-то коло:

Шкупи-Шкендија 1:1
Силекс-Брегалница 3:2
Пелистер-Македонија ЃП 3:1
Ренова-Работнички 1:1
Вардар-Победа 4:0

Табела: 1. Вардар 71, 2. Шкендија 59, 3. Работнички 48, 4. Пелистер 44, 5.Ренова 42, 6. Силекс 39, 7. Шкупи 30, 8. Победа 26, 9. Брегалница 20, 10. Македонија ЃП 19.