![logor](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/05/logor.jpg?resize=640%2C468&ssl=1)
По повод 72-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Матхаузен во близина на Линц, во Австрија во неделата се одржа традиционалната комеморација и одавање почит на над 122.000 жртви во логорот.
Во името на Република Македонија, цвеќе пред саркофагот на жртвите во логорот положи амбасадорот на Република Мамедонија во Австрија, др. Василка Попоска Треневска, заедно со претставниците од Македонската православна црквовна општина „Свети Баум Охридски“ од Виена, Љупчо Домазетовски, Спасе Дишлиевски и Роберт Петрески, како и претставниците на македонското друштво од Линц, Ванчо Делев и Јосе Глигоров.
На церемонијата присуствуваа претседателот на Австрија, Александар Ван Дер Белен, канцеларот Кристијан Керн, како и многу министри и пратеници.
Пораката на македонски јазик пред седумте илјади присутни ја прочита конзулот Румена Томоска.
Во пораката се вели: „Се колнеме дека ќе продолжиме да ја водиме борбата против империјализмот и националната нетрпеливост, солидарно и со взаемно разбирање. Се обраќаме кон целиот свет со повик: помогнете ни во оваа работа! Да живее меѓународната солидарност; Да живее слободата”!
Канцеларот Керн денеска истакна дека „Комеморацијата нé обврзува: национализам, шовинизам и расизам, кој повторно ги покажуваат нивните грди лица денес, треба да ги пресретнеме со нашите најсилни оружја: солидарноста, толеранцијата и моралната храброст“.