На 12-ти мај 2009 Ѓорге Иванов стапува на функцијата претседател на Република Македонија, на 12-ти мај 2014, Иванов го започнува својот втор мандат како претседател на Република Македонија. на 12-ти мај 2017-та бараме од него да не ја заборави заклетвата која ја положи на овој ден пред три и пред осум години, истакна на денешниот протестен марш на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски.
-Да го чува суверенитетот и унитарноста на Република Македонија. На 12-ти мај 2017 бараме од него денес или наредните денови уште еднаш да ја повтори заклетвата јасно и гласно пред сите со тоа што нема да го додели мандатот на оние кои се качени на Тиранската платформа и кои не може да гарантираат за унитаноста на Република Македонија. Претседателе Иванов, слушнете го гласот на народот, бранете ги интересите на граѓаните и бранете го Уставот. На тој пат ќе продолжиме да чекориме заедно, истакна Илиевски.