Бизнисменот Сеад Кочан, кој синоќа бил примен како итен случај на скопските Клиники, имал срцеви проблеми, дознава НетПрес од болнички извори.
Според информациите до кои дојдовме, Кочан веќе пет години имал здрваствени проблеми со срцето. Имено, во 2012 година му била извршена хируршка интервенција во една скопска болница, и му биле вградени дури три бајпаса.
Инаку, како што веќе е објавено, Сеад Кочан синоќа во доцните часови, бил примен како итен случај на скопските во една од клиниките на Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје.
Викендов, пак, беше укинат притворот за сопственикот на компанијата „Трансмет” и телевизијата „Нова“.
Врховниот суд на својата веб страница утрово и официјално објави дека е укинат притворот за бизнисменот Сеад Кочан. По ваквата одлука, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ќе треба повторно да одлучува по жалбата на Специјалното јавно обвинителство поднесена против решението на судијата во претходна постапка со кое е одбиен предлогот за определување на мерка притвор.
Според Врховниот суд, причина за одлуката за укинување на притворот се повредите на законите од страна на пониските судови.