
Доктор Борче Георгиевски кој е дел од Тим Македонија, во отвореното студио пред почетокот на митингот во Свети Николе, појасни зошто застанал зад кандидатурата на претседателот Ѓорге Иванов.
„Иванов е човек од народот за народот, а ние кои лично го познаваме немавме сомнежи за да го подржиме“, изјави Георгиевски.
Тој додаде дека претседателот Иванов и неговата сопруга секогаш биле достапни за хуманитарни акции, а тоа повеќе пати го покажале и докажале.
Др. Герогиевски во своето излагање го цитираше претседателот Ѓорге Иванов па сподели една негова мисла.
„Треба да полниме со љубов, со желба за знаење и успех, треба да бидеме верни на традицијата и да соживотот“.