Врвот за Пелистер, Вардар во тешка криза

Уште едно големо разочарување доживеаа најверните фанови на ФК Вардар, откако нивните миленици освоија само еден бод во дуелот со апсолутниот аутсајдер, тимот на Македонија ЃП.
И покрај позитивата од два гола и предноста од играч повеќе, која ја имаа од 19 минута, избраниците на искусниот руски стручњак, Сергеј Андреев на крајот освоија само еден бод и уште повеќе се одалечија од лидерската позиција на табелата.
Како за утеха може да послужи фактот дека фудбалерот на Вардар, Филип Петров го посигна најбрзиот погодок во фудбалската историја на Македонија.
Крилниот напаѓач ја затресе противничката мрежа после само десет секунди игра.
Лидерската позиција сега е во сопственост на битолскиот прволигаш Пелистер кој забележа сигурен триумф од 3:1 на гостувањето во Кичево.
Дерби пресметката во Тетово, помеѓу екипите на Шкендија и Работнички заврши со сигурен триумф на домаќинот од 3:1.
Резултати: Шкендија – Работнички 3:1, Македонија ЃП – Вардар 2:2, Напредок – Пелистер 1:3, Брегалница – Хоризонт Т. 1:0, Гостивар – Металург 1:5.
ТАБЕЛА: Пелистер 44, Х. Турново 41, Работнички 41, Металург 40, Вардар 39, Шкендија 33, Брегалница 32, Ренова 31 (-1), Еуромилк 30 (-1), Македонија ЃП 23, Напредок 14, Гостивар 14.