Нашата евровизиска претставничка, Тијана Дапчевиќ, во евровизискиот спот е сексипилна и провокативна, а покрај неа има разголени момци.
Видеото за песната To The Sky со која Тијана ќе не’ претставува на Евровизијата која ќе се одржи во Копенхаген, Данска, се снимаше три дена во студиото ХХО во Скопје. Беа користени осум различни сценографии, а во него учествуваат повеќе од триесет спортисти, танчари и машки модели.
Спотот е провокативен, гламурозен и нема некоја посебна приказна како што бесе досегашната пракса. Во видеото има интересни сцени, а највозбудлива е онаа со кадата во која лежи Тијана, гола. Комплетен автор и режисер е Мерт Аслани, кој е многу задоволен од соработката со Тијана.
За потребите на евровизиската промоција „Горила Филмс“ сними три верзии на спотот, македонска, српска и англиска, а премиерното прикажување ќе се случи на 10 април на Македонската радио телевизија.