
Непознато лице денеска околу 12 часот пукало врз Никола Тодоров при влезот на сега веќе поранешниот министер за здравство во министерството за да изврши примопредавање на фунцијата.
Денеска при влезот во Министерството за здравство непознато лице со неколку истрели од огнено оружје се обидело да го убие досегашниот министер за здравство и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров.
Тодоров е надвор од животна опасност, а лицето кое пукало во него е фатено, пишува Република.

Според нашите информации, лицето од непосредна близина пукало во Тодоров се цел да го лиши од живот. Лицето е совладано и и во тек е истрага .
Тодоров изминатиов период беше мета на црна кампања од СДСМ и медиумите блиски на оваа партија којашто од синоќа го презема водењето на државата
Досегашниот министерот за здравство и вицепремиер во владата на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров пред малку соопшти дека се откажува од пратеничката функција.
„Имајќи предвид дека планирам во иднина повеќе да се посветам на мојата основна професија како адвокат, како и да можам да дадам поголем придонес во партиските активности, дозволете ми да Ве информирам дека одлучив да поднесам оставка на функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија“, напиша Тодоров на својот Фејсбук профил.
Тодоров стана дел од владата на ВМРО ДПМНЕ во јули 2009 година кога беше назначен за министер за образование и наука. Оваа функција ја извршуваше до јули 2011 година кога стана прв човек на Министерството за здравство, функција која ја извршуваше се’ досега.
https://www.youtube.com/watch?v=LVOs1X1FhuA