Во рамките на Европското првенство во минифудбал што деновиве се одржува во Брно, се одржа Конгрес на Европската федерација за минифудбал (ЕМФ), организација која го поддржува овој најпопуларен спорт во светот.
Македониската асоцијација, чиј претседател е Петар Томовски, а потпретседател Игор Дуровски, е примена во ЕМФ, и сега во друштво на триесетина земји-членки на оваа Федерација.
– Минифудбалот е тип на фудбал кој се разликува во различни градови и земји според вкупниот бројот на играчите и на големината на полето. ЕФМ ги обединува сите. Спорт со најголем потенцијал, може да стане и најголем аматерски спорт, со огромен бизнис- потенцијал – вели Томовски.
Игралиштето е со димензии 50 на 25 метри, играчи во терен 5+1, се игра со обична топка, аут се избедува со рака, овие детали го издвојуваат минифудбалот од футсалот.
Овој грасрут-спорт поврзува милиони играчи од сите делови на Европа, преку нивното учество во националните лиги за минифудбал и првенства кои се организирани од страна на локални или национални здруженија. Во моментов има 1.100 регистриран терени од ЕМФ, а повеќе од 18.000 се неофицијални што ги прави далеку најбројни во споредба со кој било друг спорт во светот.