Според Груевски, во настапите на СДСМ има многу неискреност.
-СДСМ многу ветија, но немаме ниту реформи, ни просечна плата од 30 илјади денари, ни повисоки субвенции, ни 100 илјади денари плати за лекарите, ни 500 километри автопатишта, ни нови работни места, ни покана за НАТО, ни преговори со ЕУ, ни повисоки пензии, ниту нешто да им понудат на младите.
Има, додаде Груевски, многу лицемерие, додворување без искреност и прикажување на лажна слика, но како што рече, тоа народот ќе го препознае.
-Ги нема ни како што тие кажуваа 600-те илјади иселени од Македонија да се враќаат.
Се пењават без срам и сечат ленти на фабрики кои ние ги донесовме и во наше време се се заврши. За нови, за нови ќе почекаме Самка, Рамиз Мерко и Шапурич ќе донеле.
Ние освен што донесовме преку 100 компании кои веќе инвестираа низ Македонија, други триесетина компании ги донесовме во финиш на потпишување на договор, но со Рамиз Мерко, Самка и Шапурич, не знам дали некои од нив нема да ја смени одлуката.