Тимот „Animove“ од Македонија се обидува да влезе во петте финалисти на глобалниот натпревар #youforG20 во Германија, и е единствен македонски учесник.
Проектот со кои се претставуваат е поврзан со биодиверзитетот во Македонија и светот, спречување на понатамошно изумирање на различни загрозени видови. Тие обработија два светски загрозени организми кои ги имаме во Македонија, египетскиот мршојадец во Демир Капија и европската јагула во Охрид.
Како решение нудат веб апликација која ќе биде еколошка социјална мрежа и ќе содржи податоци, мапи, локација на живеалиштата, ресурси на храна, траекторијата на миграција на различни загрозени организми. Целта е да содржи информации за сите загрозени организми во светот и со тоа да биде алатка на сите граѓани како и научници. Со тоа ќе се има пристап на сите податоци на едно место, и жителите во светот ќе можат да се информираат за загрозените организми кои живеат во или околу нивните градови и како можат да помогнат.
Вториот дел од решението е Динамо GPS локатор за различни птици и риби, кој научниците, еколошките друштва ќе можат да ги користат за следење на организмите и со тоа да дојдат до причинит за нивното изумирање. Локаторот ќе се напојува од движењето на организмите, крилјата кај птиците и перките кај рибите.
Гласајте за нивнот проект на следниов линк, се гласа со лајк на проектот. https://youforg20.deutschland.de/en/saving-species-macedonia
Можете да се запознаете повеќе за нивнот проект на следново видео.
https://www.youtube.com/watch?v=1J1blSm1PCg