ЕП У-21: Германија ја освои титулата против фаворизираната Шпанија

© EPA/JACEK BEDNARCZYK

Германската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година ја освои титулата европски шампиони откако во финалето во полски Краков со 1:0 ја совлада селекцијата на Шпанија против којашто Македонија го одигра историскиот прв натпревар на континенталните првенства и беше несреќно поразен со 0:5.

Во динамичниот и допадлив натпревар стрелец на единствениот гол беше Мичел Вејзер во 40 минута.

За Германија ова е втората титула во оваа возрасна категорија по обединувањето на земјата. Претходната титула ја освои во 2009 година.

Шпанија остана на четирите титули освоени во 1986, 1998, 2011 и 2013, додека во финалните мечеви беше поразена во 1984, 1996 и 2017 година.