Иванов: Со конкретни проекти да го направиме животот во Пробиштип подобар

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов заедно со коалицијата „За подобра Македонија“ денеска беа во Пробиштип каде ги потсетија гласачите зошто треба уште еднаш на претстојните избори да им ја дадат довербата.

Иванов истакна дека работеше според прогрмата која пред пет години ја вети и даде отчет за сработеното.

„Неколку пати бев со вас затоа што сум човек од народот, и ми личи да сум својот народ. Да бидам вашиот глас и да ги пренесувам сите ваши потреби и ставови. Се што беше ваш глас доаѓаше до мене. Мојот кабинет беше отворен. Во изминатите 5 години во мојот кабинет дојдоа преку 5000 граѓани. Сите кои беа расположени да ми дадат некоја идеја, да ми пренесат порака, беа добредојдени. Тоа и ќе продолжи  доколку ја добијам вашата поддршка“, им рече тој на граѓаните.

Тој нагласи , многу луѓе од Пробиштип доаѓаат во Скопје, но додаде дека се посветени на отворање на нови работни места, и работат напорно тимски со владата,со миинистрите, со градоначалниците.

„Правиме се Македонија економски да се развива и проспертитетот да се чувствува насекаде, и тоа во услови на најголема криза Македонија покажува резултати. Македонија покажува како кога се работи тимски и посветно можат да се отворат 120.000 работни места, а до крајот на година се очекува да се отворат уште 10.000 работни места“, рече Иванов, додавајќи дека за да се постигне економски успех потребни се две нешта: посветена реформска работа дома и активна економска дипломатија и проивлекување инвестиции од странство.

„На секоја моја посета во странство, одевме заедно со бизнисмените и со одреден министер. Работевме напорно и тимски за Македонија, да создадеме амбиент Македонија да биде привлечна дестинација за странски инвестиции. Секаде може да се видат резултатите од таа тимска работа“, нагласи тој.

Вели дека како претседател буил посветен на младите и нивното образование. Целиот мандат вниманието ми беше кон младите. Ги посетив сите државни  универизитети и најдобрите студенти од сите универзитети дојдоа кај мене да ги пренесат нивните ставови како тие ја гледаат Македонија, својот живот, успех и просперитет во Македонија.Затоа и отворив Школа за млади лидери. Што би направил професор во политиката, ако не отвори своја школа. Таа школа оспособи повеќе од 150 млади луѓе да бидат лидери во Македонија, не само во политиката, туку и културата, спортот.Секаде ни требаат луѓе кои знаат да предводат, да обединуваат и да носат одлуки.

„За успешна економија треба и добра инфраструктура.Направивме се за да привлечеме и странски инвеститори,  кои ќе вложуваат во инфраструктурата. Низ Македонија се градат автопатишта, се гради пругата кон Бугарија, но сега и ќе се изгради таа пруга.Со изградбата на хидросистемот „Злетовица“ се реши долгогодишниот проблем за водоснабдување на шест општини во источна Македонија, меѓу кои и Пробиштип. Во наредните фази ќе се продолжи со изградба на систем за наводнување, но и неколку мали хидроцентрали за производство на електрична енергија“, потенцираше Иванов.

Тој истакна дека Пробиштип е еден од најмладите градови во Македонија во чиј атар е едно од најстарите села во Македонија – Лесново. Овој духовен храм е, воедно, и национално културно богатство за Македонија. Тоа е основа за развој на културен туризам во вашиот крај.

„Знаеме дека рударството е исцрпувачка работа. Сликата за рударот е дека е храбар, посветен и дека си ја сака професијата. Тоа нè инспирира и нас да работиме на конкретни цели и на конкретни резултати. Со конкретни проекти да го направиме животот во Пробиштип подобар. Вие го заслужувате тоа“, рече претседателскиот кандидат нагласувајќи дека во следниот мандат, приоритет ќе им  бидат држава и економија кои создаваат нови работни места.