Во саботата пријавени се два случаи на исчезнување на малолетни лица, а станува збор 16 годишно девојче од ресенското село Сопотско и 9-годишно момченц од Скопје, по кои трага полицијата.
Прво било пријавено дека во петокот околу 18 часот од својот дом од село Сопотско, во непознат правец се оддалечило 16-годишно девојче. СВР Битола презема мерки за нејзино пронаоѓање.
Во саботата, пакм 1,20 часот во Полициска станица Чаир, 28-годишната скопјанка А.С. пријавила дека исто така во петокот околу 17 часот, од дома во непознат правец се оддалечил нејзиниот деветгодишен син. Причина за оддалечувањето е непозната. Се преземаат мерки за негово пронаоѓање.