Ѓорѓиевски: Судот со двојните аршини покажа дека не е имун на притисоци

Сведоци сме на двојните аршини на судот, Апелациониот суд подлегна на политичките притисоци од СДСМ не усепа да се издигне над заканите за реизбор на судии, рече во средата пред новинарите Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Судот не се спротистави ниту на поделбите кои ги прават преку медиумите блиски на СДС прогласувајќи одговорни и неодговорни судии, односно судии кои судат како што сака Заев и СЈО и судии што судат врз основа на докази. Секој што суди по закон, а не политички го прогласуваат за неодговорен, го прозиваат и станува предмет на закана“, рече Ѓорѓиеввски.

Посочи дека судот од една страна отфрлил силни аргументи на одбраната на ВМРО-ДПМНЕ и донел политичка одлука за мерки за претплазливост, а од друга страна го ослободил сегашниот премиер Зоран Заев во „чист случај каде што е фатен жив“ како изнудува поткуп од 100.000 и останува на слобода.

„Очигедно е дека судот потпадна на политичките притисоци на СЈО и СДС. СДС преку политичкиот привезок СЈО гони стотина лица од ВМРО-ДПМНЕ, само затоа што им стои на патот на антидржавната и деструктивна политика.
 Ако постоеше правото и правдата, немаше суд кој би му го вратил пасошот на Заев за дело како поткуп за мито од 100.000 евра. Затоа овој суд сега треба да одговори, по кој основ на ваков човек му беше вратен пасошот и е сега на слобода?
“, констатираше Ѓорѓиевски.

Додаде и дека во посочениот случај судот не само што не ја спроведе, туку и воопшто не реагираше на понижувањата од Зоран Заев додека се среќаваше со соработници на амбасадори и јавно изјавуваше дека не го признава судот нејавувајќи се на рочиштата.

„Овие двојни аршини се лош пример за судскиот систем во државата. Одлуката на судот да ги одземат пасошите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ е гола политика, изнудена преку политички притисок.

 Сево ова Зоран Заев го прави со единствена причина, да се спаси од криминалиите во кои тоне и да си ја заврши антидржавната агенда.

 Конечно, со политичките притисоци кои ги прави врз судот, Зоран Заев нема да може да избегне од одговорот кој им го должи на граѓаните, а тоа е одговорот на најважното прашање: Kога планира да го смени името на државата?“, заклучи Ѓорѓиевски.