Намерата е таа, целта на договорот е токму тоа, да се смени целосно историското минато на Македонија и на македонскиот народ, сето тоа да се претстави дека до ’44-тата година сето тоа е бугарска историја, бугарско минато или заедничко – како што викаат заради договорот, изјави во Отвореното студио на ТВ Нова професорот Михајло Миноски, коментирајќи ги бугарските изданија во кои се опишува бугарската доктрина.
-Малку прават една дистинкција дека почетокот на таа работа е направен ’34-та година од Коминтерната, кога не признаа постоење на македонска нација официјално. Ако тие викаа не се признава, меѓутоа ја признаа, и после следува дека целото време до ’44-та г., сите овде 1,4 милиони имале бугарско чувство и биле Бугари, дека со декрет Тито прогласил создавање на македонска нација и на антибугарска основа се појавува македонизам и дека ’44-та се прогласува создавање на држава, вели Миноски.
Миноски посочи дека за македонскиот јазик исто така се вели дека на антибугарска основа група научни работници, односно интелектуалци, создаваат една азбука којашто е искомбинирана со многу србизми.