Објавен конкурсот за средношколци

Денеска е објавен конкурсот за упис во средните училишта во земјава. За идните средношколци има 35.185 слободни места.

„Објавени се и седум дисперзирани одделенија на Спортската гимназија, а нивната активност ќе се спроведува на територијата на целата држава во различни градови“ посочи министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

13 реформирани струки за тригодишно средно образование е исто така една од новините кои ги најави министерот Ристовски.
Отворени се нови паралелки за средно медицинско училиште во Гостивар. Во Охрид  гимназијата е поделена на две посебни училишта во кои ќе има  стручно и гимназиско образование, а проширени се и квотите за некои стручни струки.