Каталонскиот фудбалски гигант Барселона објави дека претставниците на бразилскиот репрезентативец Нејмар во четвртокот уплатиле 222 милиони евра за да го откупат неговиот договор со што е остварен уште еден чекор кон рекордниот фудбалски трансфер во Пари Сен Жермен.
„Во четвртокот попладнето првните застапници на Нејмар лично ги посетија клупските простории и платија 222 милиони евра во името на играчот да биде раскинат договорот. Клубот сега ќе ги проследи до УЕФА поединостите од споменатата трансакција за таа да може да одлучи за дисциплинските одговорности коишто би можеле да произлезат од овој случај“, се вели во соопштението објавено на официјалната интернет страница на ФК Барселона.
Претходно во четвртокот Шпанската фудбалска лига (Ла Лига) објави дека одбија да ја прифати отштетната клаузула во висина од 222 милиони евра за заминување на Нејмар од Барселона во ПСЖ, бидејќи според нив тоа претставува потенцијални кршење на прописите на УЕФА за финансискиот фер-плеј (FFP).