Американскиот весник The New York Times објави листа со земјите во светот коишто се најчесто посетувани од жителите на сите американски сојузни држави во коишто просечниот Американец најчесто престојува преку летото.
Станува збор за податоци добиени преки Fаcebook преку апликацијата за „чекирање“ на своите корисници од САД кога патуваат преку летото и од 2012 година досега.
Според ова обемно истражување посветено по региони во светот, Македонија, по азбучен ред водено, е на 4-то место кај жителите на Алјаска, во друштво на Филипини, Американска Самоа, соседна Бугарија и Боцвана. Кога станува збор, пак, за жителите на Висконсин, нашата земја е третата дестинација, зад Ирска и Канада, а пред Германија и Норвешка. Полска, Грција и Бугарија се пред Македонија а Литванија зад нас, според посетеноста изминатите пет години од жителите на сојузната држава Илиноис.
Меѓутоа Македонија е водечка во „петорката“ во која се уште и Канада, Британија, Индија и Ирска од којашто се „чекирале“ жителите на Индијана. Жителите на Њу Џерси, по Доминиканската Република, Еквадор, Португалија и Индија, најчесто во текот на летните одмори престојуваат во Македонија, покажуваат натаму податоците од социјалната мрежа. А нашата земја, како четврта е во друштвото на Канада, Либан, Албанија и Ирак, кога станува збор за сојузната држава Мичиген.
Ова „истражување“ , исто така, покажува дека многу чести се „чекирањата“ на американските држави од регионот, во прв ред од Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, како и од Бугарија и од Албанија.
Авторите укажуваат притоа дека овие резултати не ги одразуваат најпопуларните туристички дестинации за Американците надвор од САД, тоа се Мексико и Канада, туку покажува „кои локации се невообичаено популарни кај жителите од една (сојузна) држава во споредба со тоа каде повеќето Американци патуваат во текот на летото“.
Се забележува, исто така, дека нејпрепознатливите туристички места се најблиските, веќе споменатите Канада и Мексико, но оти за другите тоа е очигледно поврзано со имигрантското население кое живее во одредена американска сојузна држава. Секако, иселениците ги користат летните ферии за посета на „дедовите огништа“, но без други и влијаат врз изборот на своите американски соседи кога овие ќе посакаат да отпатуваат некаде подалеку и да ги истражат за нив сосема непознатите предели.