Мими Чои е 31-годишна шминкерка од Ванкувер која создава потполно неверојатни хиперреални оптички илузии. Таа за својата уметност вели: „Кога сега правам илузии, најчесто инспирацијата ја добивам од околината, фотографија и емоциите. Се обидувам да не ги гледам другите дела на уметниците за да создадам оригинална, единствена работа”.
Како поранешна наставничка, Чои веќе три години работи како „мејк ап“ артист и користи четки за да ги постигне деталите. Таа создава шминка која е толку екстремна што на прв поглед изгледа како фотошоп.
Иако користи четки за боја, таа исто така го користи секојдневна шминка што секоја жена ја носи во својата чанта. Во најголем дел, таа не користи производи со специјални ефекти.
Погеднете некои од нејзините дела: