Во јули во однос на јуни имаме пад од 2,2 отсто на индустриското производство и тоа доаѓа последователно и со намалувањето на просечната плата во Македонија за 0,7 отсто за истиот период, така што по намалувањето на просечната плата доаѓа и до намалување на еконмијата или поточно на индустриското производство за 2,2 проценти, што укажува дека нашите апели и укажувањата дека има сериозни ризици за назадување на економијата дека се исправни и дека работите во тој дел, во делот на екомномијата, на движењето на платите, на индустриското производство не одат во добар правец.
Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање како ги коментира новите бројки за индустриското производство од Заводот за стстистика.
„Очигледно е дека владата има сериозен дефокус, дефокусирање од економијата, дека немаат доволен интерес да ги продолжат добрите трендови во економијата и големиот ангажман што претходната власт го имаше во правец на отворање на работни места, а за истите да се отворат потребни се многу активности, пред се помагање и носење на инвеститори и помагање на постојните инвеститори со разни мерки и активности да остварувваат подобри резултати. Очигледно е дека тие активности се запрени или се сериозно намалени и тоа веќе се изразува и преку официјалните податоци на Заводот за статистика“, додаде Груевски.
Според Груевски има влошувачки тренд- паѓа индустриското производство и нивото на просечната плата.
„Оттука нашите апели до власта да остане фокусирана како што ние бевме фокусирани на отворањето на нови работни места, еден од најголемите и најгорливите проблеми на граѓаните, останува и натаму“, порача Груевски.