Кандидат за пратеник на СДСМ: Еве како струјата ќе поскапи за 20 до 50 проценти за кратко време

Поранешниот кандидат за пратеник на СДСМ од Битола, како и кандидат за пратеник на СДСМ во САД на изборите во декември минатата година, Зоран Ивановски, на својот ФБ профил пишува дека струјата добила евтина тарифа, ама во наредната година или две ќе поскапела за 50%.

-Струјата доби евтина тарифа ама во наредната година две ќе поскапи за 50%. Нека трепка датумот па тогаш ќе се објаснуваме, пишува кандидатот за пратеник од СДСМ на минатите избори.

Ивановски пишува и дека ЕВН не е подготвена да ја имплементира одлуката на Владата, што значи, вели тој истата е избрзана.

-ЕВН не е спремна да ги имплементира владините одлуки на цела територија на Македонија што значи дека одлуката е избрзана и е политички предизборен маркетинг. Дополнително после имплементацијата ќе се намалат инвестициите и со тоа дополнително ќе се успори економијата, пишува Ивановски.