Во Кривопаланечко гори веќе трет ден, владата презафатена со донесување на неуставниот закон за јазици

Во атарот на кривопаланечкото село Баштево веќе трет ден дивее шумски пожар. И покрај падот на температурите и локалните врнежи во Македонија шумски пожар му се заканува и на самото селото Баштево. Според Регионалниот центар за управување со кризи – Куманово се работи на гаснење на пожарот. Мештаните не се задоволни од работата на надлежните институции и неможат да разберат зошто се дозволило да изгори толкава шумска површина кога во моментов во Македонија нема голем број на активи пожари како што имаше во изминатиот период.

Владата предводена од СДСМ беше критикувана поради лошото справување со ситуацијата со пожарите кои ја зафатија целата територија на Македонија во летниот период. Високите температури беа причината за големиот број на шумски пожари низ Македонија. Сепак оправдание за катастрофалното справување со еколошката катастрофа која ја снајде Македонија изминатот лето за владата на Заев нема.

Токму поради лошото справување со пожарите ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за министерот за земјоделство водостопанство и шумарство. Зоран Илиоски пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција истакна ,, Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ денес во Собранието на Република Македонија поднесуваме Интерпелација за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Како резултат на несериозноста, неодговорноста и некомпетентноста на министерот Љупчо Николовски, Република Македонија скоро еден месец е буквално во пламен. Во Република Македонија на целата нејзина територија се случуваат серија отворени пожари, односно опожарување на огромни површини високо стеблеста формирана шума со непроценливи последици од трајна загуба и деградирање на шумскиот појас, сериозни еколошки последици врз животната средина, уништување на приватната и јавната сопственост и доведување во животна опасност на жителите на опожарените региони и населени места.

Според последните инфромации кои ги имаме во 11 часот денес е пријавена уште една дојава за пожар во село Осиче.