
Двајца скопјани ја демолирале зградата на општина Карпош бидејќи од градоначалникот добиле известување за отстранување на незаконски поставени тенди.
Според информациите на полицијата, 28-годишниот И.Т. и три години постариот С.Ѓ. најпрво почнале да се караат, да викаат и непристојно да се однесуваат, а потоа С.Ѓ. влегол во општината и со спреј прскал по ѕидовите.
Откако вработените од обезбедувањето бил спречен во понатамошното оштетување, С.Ѓ. со рака скршил стакло од врата, по што се здобил со расекотина. Истиот е пренесен во болница за укажување лекарска помош.
Полицијата им даде платни налози за сторен прекршок.