![granit](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/02/granit.jpg?resize=611%2C270&ssl=1)
Поради изведување на градежни работи на патните правци Миладиновци- Свети Николе- Штип и Кичево – Охрид, градежната компанија „Гранит“ има потреба од над 670 работници.
Огласот за вработување на „Гранит“ денеска е објавен во весниците „Дневник“ и „Вечер“, а компанијата има потреба за вкупно 28 работни позиции како градежен инженер, рударски инженер, раководител на градежна механизација, финансов извршител, минер, работник на каменолом, градежни работници и други.
Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон. Работата од огласените работни места ќе се одвива со полно работно време од понеделник до петок, од 07:30 до 15:30 часот.
Огласот трае пет работни дена од објавувањето. Молбите за работа потребно е да се достават во ГД „Гранит“ АД Дирекција Скопје на ул. „Вељко Влаховиќ“ бр. 8 или на и-мејл [email protected].
При доставување на молбите за работа потребно е кандидатите задолжително да го наведат редниот број на работното место и патниот павец за кое конкурираат.