Маж загина во сообраќајка на патот Штип-Делчево

Архивска илустрација

Во сообраќајна несреќа којашто се случи во вторникот на магистралниот пат Делчево – Штип, загина 51-годишен жител на село Облешево, онформираше Министерството за внатреши работи.

Според информациите на МВР, вчера во 10:45 часот на магистралниот пат Штип-Делчево, атар на село Истибања, се случила сообраќајна незгода во која теренско возило „махиндра-болеро“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б. (51) од село Облешево, општина Облешево-Чешиново, излетало од патот.

Во несреќата возачот починал на самото место.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Виница.