ФОТО: Сомалија – најлошо место за живеење, тероризам, пирати и глад

Немири, тероризам, насилство и крвави смени на режиот се причините зошто Африка и Азија се на врвот на листата на земји со најлоши услови за живот.

Британската фирма за анализа на ризикот „Мејплкрофт“ во својот годишен извештај со наслов „Атлас на политички ризик“ искористи 52 показатели за да процени во која од 197 држави во светот е најбезбедно да се живее според анализирање на политичкиот ризик, пренесе српски Блиц.

Балканот и земјите од Среднa Европа, без Полска и Словенија, според „Мејплкрофт“ спаѓаат во групата на држави со среден политички ризик.

 

Меѓу оние кои имаат екстремен степен на ризик се искачи и Сирија, која во 2010 година беше на 44-тото место, а денеска е на второ, веднаш зад Сомалија.

 

Аналитичарите ги вбројуваат Бангладеш, Белорусија, Казакстан, Саудиска Арабија, Виетнам  и Кина во земји каде има чести немири и протести.

 

Сомалија – Прва на листата за екстремен политички режим. Власта не функционира веќе 20 години, од граѓанската војна во 1991 година. Сомалија е база на Ал Шабаб, една од најопасните фракции на Ал Каеда. Сомалија исто така е и „сигурна куќа“ за пиратите кои оперираат во водите околу Африка. Земјата се бори со глад, а над 29 отсто од граѓаните немаат пристат до чиста вода, но и покрај тоа дури 94 отсто од Сомајлиците се оптимистички за иднината.

Сирија-Граѓанската војна која изби поради диктаторскиот режим на претседателот Башар ал Асад ја уништи земјта. Во немирите и нападите кои траат веќе четири години загинаа над 100.000 луѓе, меѓу кои и над 11.000 деца, а околу шест милиони ги напуштија своите домови и живеаат во мизерни услови во бегалски кампови.

Авганистан– Од терористичките напади на Америка на 11 септември 2001 година и американските интервенции врз талибанкиот режим оваа земја не успева да се стабилизира. Само во прват половина на 2013 беа убиени повеќе од 1.000 цивили.