Цела Шпанија се мобилизира околу каталонската криза, а се подготвува тоа да го покаже преку неколку протести во саботата и во неделата против каталонската независност, додека челниците на оваа автономна покраина може да прогласи независност уште на почетокот на следната седмица.
Собири се предвидени во Мадрид и во други градови, а приврзаниците на единствената Шпанија повикуваат и на сличен собир во каталонската престолнина Барселона. Во саботата приврзаниците на дијалогот се повикани да се соберат пред градските совети во целата земја. Анонимната иницијатива е покрената на интернет и се прошири преку социјалните мрежи.
„Шпанија е многу подобра до своите челници“, може да се прочита во петицијата која ја објави интернет страницата Change.org која собрала околу десет илјади потписи во саботата утрото.
Шпанците се повикани да излезат на улиците облечени во бело како и да постават бели чаршафи на балконите. „Момент е да настапиме заедно за да им покажеме на челниците дека се неспособни и неодговорни“, се наведува во манифестот. Собирите се предвидени околу пладне.
Приврзаниците на шпанското единство се повикани и да се приклучат на „патриотскиот“ марш во исто време во центарот на главниот град Мадрид. Тие се повикани и да учествуваат во големиот протест во недела во Барселона, исто така, во пладне.
Перуанскиот книќевник Мари Варга Љоса, добитник на Нобеловата награда за книжевност, кој каталонското тежнеење за независност ја нарече „болест којашто регионот може да го претвори во нова Босна“, исто така најави учество во протестите.
Истовремено, каталонските сепаратисти работата не едностраното прогласување на независноста од Шпанија, коешто по одложувањето, може да се случи веќе во вторник.
Откако шпанскиот Уставен суд го суспендираше заседавањето на каталонскиот регионален парламент најавено за понеделникот, а на кој се очекуваше прогласување на осамостојувањето, парламентот соопшти дека претседателот на автономниот регион Карлес Пучдемон, кој е поборник на независноста, побара на парламентот да му се обрати во вторник.