Американскиот претседател Дионалд Трамп во саботата порача дека во врска со Северна Кореја „ќе запали само една работа“, откако претходните администрации разговарале со Пјонгјанг без резултати.
„Претседателите и нивните администрации разговараа со Северна Кореја 25 години, постигнуваа договори и потрошија купишта пари“, напиша американскиот претседател Доналд Трамп на Twitter.
„Тоа не запали, договорите се кршеа пред да се исуши мастилото, американските преговарачи испаднаа будали. Жал мие, но ќе запали само една работа“, додава Трамп.
Но притоа американскиот челник не прецизира кому се обраќа. Трамп претходно зборуваше дека, доколку биде потребно“, САД ќе ја уништат Северна Кореја за да се заштитат себеси и своите регионални сојузници.
Претходно во саботата американскиот претседател трет ден по ред одби за новинарите да ја појасни својата изјава „за затишјето пред бура“, искажана во однос на нуклеарните активности на Иран и на Северна Кореја. Во петокот на нивното прашање само кусо одговори „Ќе видите“.
Новинарите акредитирани во претседателскиот пул побараа и во саботата појаснување на оваа загадочна изјава. „Немам ништо за појаснување“, рекол Трамп чијашто изјава новинарите ја распространија преку специјалниот сервис за медиумите.