Во Полска тврдат дека има снимка од експлозија од „Ту-154“ на претседателот Качински

© AP Photo / Mikhail Metzel

Полската комисија утврдила запис на момент на експлозија на снимачот во авионот „Ту-154“ во кој пред седум години загина претседателот Лех Качински и повеќе десетици високи државни функционери патувајќи во руски Смоленск, објави во саботата министерот за одбрана Антониј Мачеревич, на средба со челниците клубот „Полски весник“.

Меѓудржавната комисија за авијација во 2011 година го објави конечниот извештај за резултатите од техничката истрага, според кој непосредна причина за уривањето на авионот била одлуката на екипажот да не се оди на алтернативен аеродром и покрај крајно лошите временски услови, како и системски фактори како недостиг во обезбедувањето на летото и подготовката на екипажот.

Првата полска комисија којашто ја водеше поранешниот министер за внатрешни работи Ежи Милер дојде до слични заклучоци, а како причина за катастрофата на претседателскиот авион го наведе намалувањето на височината пониско од дозволениот минимум без оглед на густата магла за што екипажот бил предупреден. Актуелните полски власти не се согласуваат со овие заклучоци и формираа втора државна комисија.

Мачаревич потсетува дека верзијата за експлозија комисијата ја спомнала во својот извештај уште во пролетта. „Тогаш откривме дека се случила експлозија, како резултат на којашто авионот е уништен. Во моментов знаеме многу повеќе“, вели полскиот министер за одбрана.

„Откривме во записите на еден од снимачите на звук момент на експлозија, тој беше идентификуван. Сега се занимаваме со неговата анализа и исклучување на секоја моќност за поинаква интерпретација на овој електронски запи“, додава Мачеревич.

Авионот од типот „Ту-154“ со полскиот претседател Лех Качински во 2010 година се урна при обидот да слета на аеродромот во Смоленск, во услови на густа магла и ги закачил дрвјата пред пистата. Во трагедијата загинаа 96 лица, 88 патници високи државни и општествени личности и осум членови на екипажот, коишто патуваа на одбележувањето на масакрот на над 20.000 заробени полски офицери во Катинската шума во времето на Втората светска војна од страна на тајната полиција на Сталин и нацистите.

Новата Полска комисија, којашто ги истражува околностите за несреќата кај Смоленск на 15-ти септември лани ги објави резултатите од својата истрага. Експертите сметаат дека авионот се распаднал во воздухот, на 900 метри од местото на падот, и од „црните кутии“ недостасуваат последните секунди од записите на текот на летот. Новата полска влада на конзервативната партија Прво и справеливост (PiS) чијшто челник е братот близнак на починатиот претседател, Јарослав Качински, смета дека се случил пожар или станува збор за саботажа.

Комисијата тврди дека успеала да добие пристап до целосната верзија на снимките на летот, кои укажуваат дека во последните секунди од летот откажале генераторот, мотори и сензорите за отчитување на височината. Министерот за одбрана, Антони Мачеревич, тогаш донесе одлука за симнување на ознаката за доверливост од документацијата поврзана со авионската несреќа.