Денеска јавноста беше сведок како изгледаат избори кога СДСМ ги организира истите, тоа што го гледавме во текот на целата изборна кампања го гледавме и денеска, истакна на прес-конференција Никола Србов од ВМРО-ДПМНЕ.
„Изборниот ден помина со бројни нерегуларности и кршење на државниот законик, се узурпираа државни ресурси, за да вршат притисок, се поткупуваа гласачи, а граѓани постојано се превезуваа на гласачките места, во Охрид се појавија гласачки ливчиња од општина Карпош, а полициски џипови со симпатизери на СДСМ кружеа низ повеќе градови. Требаше да бидеме среќни само што немаше жртви и повредени иако во текот на денот пристигнаа бројни нерегуларности. За сите овие нерегуларности се направени записници и ќе се информираат меѓународните претставници. Во моментов пристигнуваат резултатите од избирачките“, потенцираше Србов.
Додаде дека граѓаните денеска беа сведоци и се уверија какви избори СДСМ можат да организираат. Направени се записници и истите ќе бидат доставени до сите меѓунардони институции.