Младиот австриски канцелар Себастијан Курц, победник на вонредните парламентарни избори од 15-ти октомври, најави во вторникот дека ја повика партијата од крајната десница на преговори со цел да се формира владина коалиција.
Овој чекор беше очекуван, и тој создава услови за враќање на власт на десничарската Слободарска партија (FPÖ) по 17 години, откако во владината коалиција во 2000 година ја повика друг кознервативец, Волфганг Шузел.
Уште во саботата Себастијан Курц, чијашто Австриската национална партија (ÖVP), беше убедлив победник на изборите распишани откако поранешниот шеф на дипломатијата ја растури коалицијата со Социјалдемократската партија на Австрија (SPÖ), изјави за медиумите дека имал „многу позитивни“ прелиминарни разговори со челникот на „слободњаците“, Хајнц-Кристијан Штрахе.