Му покажала среден прст на Трамп, па добила отказ

Џули Брискман од САД е фотографирана како на колоната во која е американскиот претседател Доналд Трамп му покажува среден прст, а потоа, наводно, добила отказ, пренесе Гардијан.

Фотографијата е направена на 28 октомври во Вирџинија, во близина на голф-терени на Трамп, од страна на фотографот кој патувал со претседателската колона.

Брискманова вели дека маркетинг компанијата Акима ја отпуштила откако таа ја споделила спорната фотографија на социјалните мрежи.

Според нејзините зборови, таа била повикана на состанок еден ден откако го информирала одделението за човечки ресурси дека нејзината слика кружи на интернет.

Покрај тоа, таа истакнала дека фотографијата е направена надвор од работното време, дека на социјалните мрежи во ниту еден момент не ја спомнала својата компанија и колегите, како и дека еден нејзин колега не бил отпуштен по сличен инцидент.

Сепак, таа истакнува дека не жали за тоа што го направила.

Би-би-си пишува дека фирмата не одговорила на поставените прашања.