Над 4.400 компании и граѓани должат за неплатен данок

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.11/2017 за долгови доспеани до 31.7.2017 и неплатени до 31.10.2017 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

  1. повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
  2. повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб-страницата на Управата за јавни приходи во согласност со член 9 од Законот за даночна постапка.
Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб-страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци, ве молиме да се обратите до: надлежната Регионална дирекција на УЈП (види контакт) – за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување; Царинска управа на РМ – Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел.02/3293 978 или 02/3293 971) – за објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз.

На Листата на должници бр.11/2017, објавени се 2 437 должници – правни лица (повеќе за 1 од претходната листа) и 1 964 физички лица (повеќе за 234 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето-долг во Листата бр.11/2017 изнесува 11.185.497.273 денари, помалку за 159.973.898 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 11.091.106.145 денари (помалку за 170.847.714 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 94.391.128 денари (повеќе за 10.873.816 денари од претходната листа).  10-7666_1_Листа на должници бр.11/2017_10.11.2017 (1 MB)