СВР Скопје–Единица за недозволена трговија со оружје, со кривична пријава до надлежното Основното јавно обвинителство го предаде И. С. (37) од с. Арнакија, заради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „Недозволено изработување, држење и трговија со оружје и распрскувачки материи“.
Имено, полициските службеници од Единицата, работејќи по оперативно сознание, дошле до податок дека во домот на неговиот татко во С. Арнакија, каде живее и осомничениот И. С., има поголема количина на огнено оружје и муниција, за кои не поседуваат соодветна дозвола. Имајќи ја во предвид насилната природа на И.С., како и фактот дека против него се поднесени 11 кривични пријави за извршени вкупно 26 кривични дела проследени со насилство и имотни деликти, за што во периодот 1994/2009 г. му се изречени две мерки засилен надзор, две парични казни и две казни затвор, на 01.04.2014 г., Единицата во консултација со Јавен обвинител, а врз основа на наредба од Основен суд 1 Скопје, изврши претес во нивниот дом во с. Арнакија.
При претресот се пронајдени една автоматска пушка со вграден нож- бајонет, како и една рамка за истата и две рачни бомби, кои се одземени и предадени за криминалистичко техничка обработка.