Шилегов и Богоев удрија по зеленилото во Карпош

Апсурдната ситуација продолжува и натаму, вклучен е алармот за сите граѓани кои живеат во општина Карпош и посакуваат да имаат здрав и квалитетен живот. А, само до пред некое време новоизбраниот градоначалник Стефан Богоев и неговиот колега градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов ветуваше чист воздух, зеленило и паркови, пишува порталот Денешен.

-Малку подзаборавивме на загадениот воздух, но еве излегува нова мерка и придонес за општина Карпош и град Скопје. Наместо реализација на нови паркови и зеленило, имаме уништување на градското зеленило, сведочат граѓаните.

Револтираните граѓани велат со тоа градоначалниците Шилегов и Богоев претставуваат како најголеми уништувачи на градското зеленило и дрвјата во Скопје и како исполнувач на желбите и апетитите на премиерот Зоран Заев.

Градоначалникот на град Скопје од СДСМ, Шилегов и градоначалникот на општина Карпош од таа партија, Стефан Богоев, истакнаа за време на оваа кампања ќе понудат сосема поинаков пристап и визија за тоа какво треба да биде Скопје и општина Карпош.

Како и во изминатите месеци , така и овојпат, Владата СДСМ и градоначалникот на град Скопје Шилегов и градоначалникот на Карпош Богоев, ги очекуваат есенските и зимски денови целосно неподготвени за справување со загадувањето кое е најкритично во овој период на годината.

По се изгледа дека во последен план ќе бидат заштитата и дополнителното зголемување на парковите, дрворедите и сите зелени површини во градот. Процентот на зеленило драстично го намалуваат, особено во централното градско подрачје.

Според граѓаните и покрај бројните ветувања, градската власт не прави ништо за да се намали нивото на ПМ честички во воздхот во Скопје и дозволува сите ние да се труеме од загадениот воздух.

-На Скопје и општина Карпош му е потребна итна стратегија за чист и квалитетен воздух. Затоа, ветувањата на локалните избори што се уште не се исполнети, како нова градска власт, треба да преземат низа краткорочни и долгорочни мерки за намалување на загадувањето, велат граѓаните.

Во прв план ветуваа дека ќе бидат заштитата и дополнителното зголемување на парковите, дрворедите и сите зелени површини во градот. Процентот на зеленило мора драстично да се зголеми, особено во централното градско подрачје, но може да се забележи само спротивното, велат граѓаните на град Скопје и општина Карпош.

На територија на Град Скопје, Шилегов ветуваше во скопските општини дека ќе биде воведена дежурна инспекциска служба којашто ќе работи на повик 24 часа, 365 дена во годината, но нема никаков ефект од ветувањата на Богоев и Шилегов.

Инаку, иако беше ветуван чист воздух и зголемување на бројот на зелени површини, сепак сега добиваме друга ситуација, денеска беа исечени и дрва во скопската населба, за кои градоначалникот Шилегов кажа дека не знаел, иако се под негова ингеренција.