Мицкоски: За името мора да се одлучува на референдум

Народот мора да го каже конечното мислење дали оваа држава треба да се вика Република Македонија или некако поинаку,  истакна во вечерашната емисија „Во центар“ генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„ Ако ме прашувате кој е нашиот став за името, тој став е непроменет, односно нашиот став е дека ниедна промена на името, односно ниедно решение кое што евентуално би било дел од некаков договор кое што оваа владејачка гарнитура со нашиот јужен сосед ќе го постигне, не може да биде одобрено без да претходно биде прашан народот, односно на референдум. Тоа е нашиот став, бил и ќе остане, рече Мицкоски.

Истакна дека народот мора да го каже конечното мислење дали оваа држава треба да се вика Република Македонија или некако поуинаку.

„Јас лично како Христијан Мицкоски, апсолутно не сум за промена на уставното име на Република Македонија, така што тоа е мојот став и тој став ќе остане и во иднина, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.