Над 460 жртви во земјотресот во Иран и Ирак

Во земјотресот со магнитуда од 7,3 степени по Рихтер кој во неделата го погоди подрачјето меѓу Иран и Ирак загинаа околу 460 луѓе, повеќето на иранската територија, соопштија во понеделникот вечерта иранските власти.

Спасувачките екипи соопштија дека сѐ уште трагаат под десетиците луѓе заробени под урнатините во планинската област на Иран.

Според официјалните извори, потврдена е смртта на 445 ирански државјани, во понеделникот попладнето по локално време, а над 7.150 луѓе се повредени, со што овој земјотрес е најсмртоносниот во Иран во повеќе од десет години. Локалните власти сметаат дека бројот на жртвите уште може да расте бидејќи спасувачките екипи тешко се пробиваат во оддалечените планински делови на Иран кон границата со Ирак.

На ирачката страна од границата локалните власти објавија за 11 жртви и околу 130 повредени.

Епицентарот на потресот кој се случи околу 9,18 часот по локално време во неделата, односно 00,10 часот по средноевропско време во понеделникот, е регистриран 32 километри јужно од ирачкиот град Халабџа, во ирачки Курдистан еднаш на границата со Иран, според американскиот геолошки институт USGS.

Потресот, исто така, силно се почувствувал и во иранските покраини Кордестан, Илам, Хузестан, Хамедан, Западен Азербејџан, Источен Азербејџан, Лорестан, Казвин, Занджан и Ќом.
Покрај тоа, земјотресот е почувствуван и во многу земји од регионот, како Турција, Кувајт, Ерменија, Јордан, Либан, Саудиска Арабија, Катар и Бахреин. Меѓутоа жртви и штети има само во Иран и во Ирак.